Connect with us

Други спортови

Федерер подобар од Чилиќ во последното коло од групната фаза на Мастерсот во Лондон

Со победата над Хрватот, Марин Чилиќ, Роџер Федерер ја заврши групната фаза од Мастерс турнирот во Лондон.

Хрватот го освои првиот сет со тај-брејк 7-5, додека Федерер изедначи во вториот сет, кој исто така се играше рамноправо до десетиот гем и го доби со 6-4.

Во третиот, решавачки сет Швајцарецот со 6-1 убедливо беше подобар за конечни 2-1.

Федерер и пред ова имаше обезбедено место во полуфиналето.