Connect with us

Други спортови

Федерер во полуфинале против Дел Потро на Мастерсот во Шангај

Рожер Федерер е последниот што обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. Тој во последниот четвртфинален дуел од денешената програма го победи Ришар Гаске со 2-0 во сетови (7:5 и 6:4 во гемови). Федерер во полуфиналето ќе игра против Хуан Мартин Дел Потро, кој беше поуспешен од Виктор Троицки. Дел Потро во четвртфиналето победи со 2-1 во сетови. Неговиот ривал поведе откако го доби првиот сет со 6:4. Во следните два сета Дел Потро беше подобар со 6:1 и 6:4 во гемови.

Пласман во полуфиналето обезбедија и Рафаел Надал и Марин Чилиќ. Надал го совлада со 2-1 во сетови (6:4; 6:7 и 6:3) Григор Димитров, додека Чилиќ беше подобар од Алберт Рамос-Винолас со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).
Полуфиналните мечеви се играат утре.