Connect with us

Фудбал

Фелипе: Очекувам победа во дербито против Шкендија

ардар во сабота во 14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува тимот на Шкендија во дербито на 10 коло од Првата лига. Практично со тој натпревар ќе започне и вториот круг од шампионатот, и покрај тоа што нашата екипа има два натпревари помалку од сите останати тимови.

Очекувањата од натпреварот во сабота ги искажа бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвес Рибеиро.

„Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката  да дојде во поголем број и да биде 12 играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода“, изјави Фелипе.