Connect with us

Кошарка

Феникс Санс со прв избор на Драфтот на НБА

Тимот на Феникс Санс ќе има право на прв избор на Драфтот на НБА, кој ќе се одржи на 21-ви јуни.

„Сонцата“ победија на традиционалната лотарија, која утврдува кои три екипи ќе бидат првите што ќе ги одберат играчите. Оваа година втор ќе бира тимот на Сакраменто Кингс, додека Атланта Хокс ќе може да го направи третиот избор.

За Феникс ова ќе биде прв пат екипата да има можност да избира прва, а очекувањата се „сонцата“ да изберат еден од центарот Деандре Ејтан и словенечкиот бек Лука Дончиќ.

Пред само една година, Дончиќ го освои ЕуроБаскет под раководство на новиот тренер на Феникс, Игор Кокошков.

Право на избор во топ 10 на Драфтот ќе имаат и екипите од Мемфис, Далас, Орландо, Чикаго, Кливленд, Њујорк и Филаделфија.