Connect with us

Фудбал

Фердинанд: Ловрен не е за Ливерпул

Поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец Рио Фердинанд смета дека хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен не е доволно добар играч за да го носи дресот на Ливерпул.

– Мислам дека Ловрен не е доволно добро. Веќе некое време многу греши. Ниту Алберто Морено во дефанзивната игра не е доволно добро. Задоволство е да се гледа како оди во напад, но одбраната, каде што првенствено е нивната задача, е слаба, изјави Фердинанд.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед смета дека Вирџил ван Дајк од Саутемптон би било вистинско решение за одбраната на Ливерпул.

– Ван Дајк би бил големо засилување за Ливерпул. Тој ќе доминираше во одбраната и заедно со Матип би биле одличен дефанзивемн тандем. Штета за Ливерпул што не успеа да го доведе во летниот преоден рок, додаде Фердинанд.

Одбраната на Ливерпул веќе некое време е критикувана од страна на спортската јавност. Во шест коло од почетокот на сезоната во Премиер лигата, тимот предводен од Јирген Клоп прими 11 голови, или речиси по два во просек по натпревар, што е недозволиво за аспирант за највисок пласман