Connect with us

Фудбал

Фердинанд: Се шетав околу куќата на Роналдо и видов 10 луѓе во неговата соба, ништо не ми беше јасно

Кристијано Роналдо во изминатите 15 години го одбележа фудбалот, стана еден од најдобрите во историјата,  а заедно со Лионел Меси срушија можни и невозможни рекорди.

Но, тоа не му „паднало од небо“. До ова што е денеска, стигнал со макотрпна работа.

Тоа го потврдува и неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд.

-Беше првата личност која сум ја видел дека вложува толку многу во себе. Се шетав околу неговата куќа и видов десетина луѓе во неговата соба. Не ми беше јасно кои се тие луѓе. Не ми беше јасно што се случува, се додека не ми објасни. Тој имал цел тим кој се грижи за него. Кувар, психолог, доктор, личен тренер, физиотерапевт, изјави Фердинанд.