Connect with us

Фудбал

Ферланд Менди повторно се повреди

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферлан Менди ќе отсуствува од терените најмалку еден месец, откако се повреди на пријателскиот натпревар против Барселона , пренесува шпанското радио „Онда Серо“.

Французинот беше принудно заменет во првото полувреме при поразот од Барса со 0:3 поради истегнување на тетивата.

Ова е уште една повреда за Менди , при што шпанските спортски изданија пресметуваат дека ова ќе биде негова дванаесетта повреда во Реал Мадрид , со постојани повреди кои пропуштиле 54 натпревари за кралскиот клуб откако пристигна на Бернабеу во 2019 година.

28-годишниот дефанзивец минатата сезона забележа 28 настапи за шпанскиот гигант и даде 1 асистенција.