Connect with us

Други спортови

Фетел: Излезе многу глупаво за нас

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел беше разочаран по неочекуваниот исход за неговиот тим на трката од Формул 1 шампионатот во Сингапур. Двата болида на Ферари испаднаа од трката по судирот уште по самиот старт.

– Испадна многу глупаво за нас како тим, бидејќи двајцата испаднавме од трката. Јас не тргнав како што посакував, а потоа ја зголемив брзината. Тогаш го видов Макс (Верстапен) покрај себе и малку свртев кон внатрешната страна и тогаш дојде до судирот. Бев изненаден кога видов дека и Кими (Раиконен) учествува во инцидентот. Него не го забележав во првиот момент. Тој дојде од страна многу брзо. Штета, бидејќи имавме добра стартна позиција како тим. Но, што е тоа а. Сега не можам ништо да сменам. Одиме понатаму, изјави Фетел.

На влажната патека во Сингапур, победи возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Advertisement