Други спортови
Фетел мораше да победи, и победи
Фетел денеска беше приморан да слави со оглед на тоа што Луис Хамилтон е пред него со преку 20 бодови разлика во генералниот пласман, а Германецот на крајот и успеа да го направи тоа.
Тој ја започна трката од второто место, зад Хамилтон, но набрзо успеа да го заобиколи Британецот и после тоа излезе безбедносното возило на стазата поради неколку инциденти. Во тие инциденти најлошо поминаа Раиконен, Рикардо, Алонсо…
По заминувањето на сигурносното возило, Хамилтон започна да го напаѓа Фетел, но не успеа да го претекне и Германецот успеа да ја сочува првата позиција. Во еден момент неговата позиција беше, колку толку загрозена, односно кога излегуваше од боксот, но за негоа среќа успеа да излезе пред Верстапен и Хамилтон.
До крајот на трката Хамилтон го следеше Фетел, но не можеше да го претекне, па Германецот славеше сигурна победа. Од друга страна, Хамилтон заврши на второто место, додека трет беше Макс Верстапен, а четврт Валтери Ботас.
Во вкупниот поредок кај возачите Хамилтон е се уште на првата позиција, додека Фетел сега ја намали разлика на помалку од 20 бодови. Наредната трка се вози во Италија од 31. август до 2. септември.