Connect with us

Фудбал

ФФМ донесе одлука, одреден стадионот за полуфиналето против Косово од Лига на нации

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

  У.О. на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија – Косово од 1/2 финалето во Лига на Нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот.

  У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година.

–  У.О. на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020.