Connect with us

Тајмаут

ФФМ донираше опрема за младинските екипи

Фудбалската федерација на Македонија денеска донираше спортска опрема, реквизити, фудбалски топки од средствата добиени од Шампионската лига наменети за развој на младинскиот фудбал во клубовите.

Донацијата е поделена на 15 клубови: Вардар, Шкендија, Работнички, Ренова, Пелистер, Академија Пандев, Победа, Шкупи, Македонија Ѓ.П. Њу Старс, Белесица, Гостивар, Брегалница, Силекс и Дарданет.

– Имајќи ја предвид нашата постојана заложба за развој на младинскиот фудбал согласно Стратешкиот план на Федерацијата, а истовремено и одличните резултати на младите национални селекции и се поголемата популарност на фудбалот кај младите и овој пат во договор со клубовите одлучивме да донираме опрема и реквизити за тие категории. Сигурни сме дека за клубовите ќе биде од голема помош. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа, истакна Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ.

Од средствата од Шампионската лига, исто така ќе се подмируваат трошоците за службените лица во сите младинските натпреварувања на ФФМ.