Connect with us

Фудбал

ФФМ: Од 18:45 ќе бидат отворени влезовите на стадион

Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација,

Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на вечерашниот натпревар против Италија на Националната арена „Тодор Проески“.

Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена, дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.

Со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот.