Connect with us

Други спортови

ФИА ги одобри новите правила – од 2019 година повозбудлив Ф1

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја одобри промената на правилата кога станува збор за изгледот на болидот во Форлума 1, со цел зголемување на бројот на претекнување и неизвесни трки.

Новите правила ќе стапат во сила во 2019 година и ќе внесат новости во Формула 1. Пред се, аеродинамиката на болидите ќе биде поедноставена – предното крило ќе има поголем опсег и ќе има помалку воздух околу задниот дел на гумата, што ќе го намали аеродинамичниот удар во кривините.

Задното крило ќе биде пошироко и ова треба да го намали отпорот на воздухот. Исто така, каналите за сопирање ќе бидат значително поедноставени.

ФИА објави дека новите промени се направени во согласност со тимовите и сопствениците.