Connect with us

Фудбал

ФИФА ги менува правилата, на Челзи нема да му се допадне

ФИФА одлучи да донесе одлука за промена на правилата кои се однесуваат на позајмувањето на фудбалери, за да ги заштити на некој начин.

Имено, од идната сезона правилата ќе бидат поригорозни. Еден клуб ќе може да испрати на позајмица максимално осум фудбалери кои се постари од 22 години, додека помладите ќе се позајмуваат по истите правила како и до сега.

Овој број од сезоната 2022/2023 ќе се намали на шест.

Одлуката најмногу ќе го „удри“ Челзи, кој е познат по тоа што на својот платен список секогаш има голем број на играчи, кои настапуваат во различни тимови на позајмица.

Во моментов лондонскиот тим има дури 29 играчи во други клубови, а десет од нив се постари од 22 години.

Сепак, рекордер по ова прашање е Парма, која во 2015-та година на позајмица имаше неверојатни 226 фудбалери.