Connect with us

Фудбал

ФИФА ги менува правилата за промена на националниот дрес

ФИФА за следната година би можела да промени неколку правила поврзани со фудбалерите кои сакаат да играат за друга репрезентација.
Според сегашните правила, фудбалерот кој ќе одигра еден натпревар за репрезентацијата нема право да го промени националниот дрес. Единствен исклучок по ова прашање беше направен за Косово, кој доби можност да пријави неколку фудбалери кои претходно играа за селекцијата на Албанија.

Но, според пишувањата на италијанските медиуми, ова правило наскоро може да се промени. Неофицијално ФИФА размислува да им олесни на фудбалерите кои неколку пати играле за некоја репрезентација, а потоа не се сметало на нив.

Со новото правило, играчот кој одиграл еден или два натпревар за репрезентацијата ќе има право да го смени националниот тим, само ако добие потврда од претходната репрезентација дека во иднина нема да смета на неговите услуги.

Сепак од ФИФА засега нема официјални коментари и овој случај се уште не е дојден на ред, за очекување е дури следната година ова правило да биде воведено.