Connect with us

Тајмаут

ФИФА ги прогласи за Светски прваци освојувачите на Интерконтиненталниот куп

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на денешниот состанок во Калкута одлучи дека сите освојувачи на поранешниот Интерконтинентален куп од 1960 до 2004 година, официјално да бидат прогласени за светски клупски шампиони.

На тој начин, ФИФА ги отфрли оспорувањата од секој тип, дека само екипи од Европа и Јужна Америка до 2004 година играле во Интерконтиненталниот куп.

Од 2005 на Светското клупско првенство учествуваат шампионите на сите континенти.

Доказ дека одлуката на ФИФА е релевантна и фер е фактот дека и по формирањето на СП за клубови, само екипи од Европа и Јужна Америка ги освојуваа трофеите.