Connect with us

Фудбал

ФИФА му наложи на Кардиф да му плати на Нант за играчот кој загина

Англискиот тим Кардиф и францускиот Нант никако не можеа да најдат решение за непријатниот случај.

Емилијано Сала, 28-годишен аргентински напаѓач договори трансфер од Нант во Кардиф и седна во авион. За жал се случи трагедија, авионот се урна, а Сала загина. Не стигна да го облече дресот на новиот клуб.

Се до денеска траеше преговарањето околу парите помеѓу двата клуба. На крајот пресуди ФИФА. Кардиф мора да плати на Нант 6 милиони евра.