Connect with us

Фудбал

Фил Невил: Погба во моментов е најдобар играч во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Фил Невил, во интервју за „БиБиСи“ говорел за својот поранешен клуб. Веднаш по синоќешниот натпревар против Челси, Невил истакна дека Пол Погба во моментов е најдобриот играч во Премиер лигата.

Беше исто како да го гледам стариот Манчестер Јунајтед. Солскјер одлично ја подготви тактиката. Во моментов, под негово водство не гледам подобар фудбалер во Премиер лигата од Пол Погба. Се случи неверојатен пресврт во клубот кој сега повторно игра со истиот дух и ароганција како во минатото, заклучи Фил Невил.