Connect with us

Ракомет

Филип Лазаров му се придружи на Прибак во Турција

Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров од Пелистер се пресели во редовите на турскиот шампион Бешикташ, со кој потпиша до крајот на оваа сезона.

Лазаров се врати во домашното првенство откако лани настапуваше за тимот на Политехника Темишвар од Романија. Тој ја прифати понудата на Пелистер, но очигледно е дека клубот од Битола се соочува со финансиски проблеми, па затоа оваа понуда од Турција не можеше да ја одбие.

Лазаров за соиграч во новиот клуб ќе го има поранешниот соиграч од Вардар, Немања Прибак, кој во претстојната ЕХФ недела повторно ќе добие шанса и во македонскиот национален тим.