Connect with us

Фудбал

Филипче: Од следната недела македонските клубови можат да тренираат

Како во целиот свет, така и во Македонија, поради коронавирусот откажани и прекинати се бројни мечеви и тренинзи, цели првенства. Од оваа недела, па и идната ќе почне олабавување на рестриктивните мерки кај нас, а тоа како што кажа министрот Филипче на прес конференција ќе важи и за спортските колективи.

Оваа недела можат да почнат индивидуални тренинзи, додека следната недела полека и спортските колективи, односно екипи ќе можат под посебни мерки и протоколи да почнат со тренинзи.