Connect with us

Фудбал

Финансиска инјекција од 500 милиони долари во Челзи

Челзи е блиску до договор со американската компанија „Арес менаџмент“ за инвестиција од фантастични 500 милиони долари, со која ќе се финансираат плановите за проширување на клубот и изградба на нов стадион, тврди „ЕСПН“.

Новите американски сопственици на лондонскиот клуб, на чело со Тод Боели и неговата компанија Клирлејк Капитал, долго време бараат инвеститори во клубот и сега се блиску до договор.

Клубот потроши повеќе од 1 милијарда фунти на нови засилувања од мај минатата година, но сопствениците инсистираат на тоа дека нема проблем со протокот на пари или финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Планот е сега повторно да се развие Стемфорд Бриџ или да се започне со изградба на нов стадион, целосно обновување на тренинг центарот Кобам, како и идно проширување во повеќеклубски систем сличен на Манчестер Сити.