Connect with us

Фудбал

Фиорентина официјално објави дека го зазема местото на Јувентус

Фиорентина ќе учествува во Конференциската лига сезона 2023/24, соопштија од прес-службата на клубот. „Виолетовите“ го заменија Јувентус во списокот со учесници , кој минатата недела со одлука на УЕФА беше отстранет од европските турнири поради финансиски прекршувања. Минатата сезона Јувентус заврши на седмото место во Серија А и мораше да игра во Конференциската лига. Поради прекршоци, сепак, „бјанконерите“ беа исклучени од европските натпреварувања на една година и казнети со 20 милиони евра.

Фиорентина сезоната во италијанскиот шампионат ја заврши на осмото место. Минатата сезона виолетовите стигнаа до финалето на Конференциската лига, но загубија во спорот за трофејот од Вест Хем .