SPORTM.mk
Флик: Сите бевме изненадени што Италија не се пласираше на Светското првенство
Селекторот на Германија, Ханси Флик, го подготвува тимот за стартот на Лигата на нации, кој за неговата селекција ќе биде меч против европскиот првак Италија . Поранешниот тренер на Баерн призна дека не знае што да очекува од противникот поради промените во составот на „аѕурите“.
„Јасно е што сакаме да постигнеме: Германија да биде меѓу најдобрите во светот. Сакаме да победиме на натпреварите и подготвени сме за тоа. По овие четири средби ќе анализираме и ќе видиме што можеме да подобриме во септември. На денешниот тренинг можеше да се види како сите се максимално мотивирани. Нема да ни биде лесно да избереме со кого ќе играме“, коментира Флик.
🎙️ Hansi Flick: “Of course we are all excited to get underway. You could see during training today that everyone is extremely motivated. It won’t be easy for us coaches to decide who will play."#DieMannschaft #ITAGER pic.twitter.com/ZwiHrWAY43
— Germany (@DFB_Team_EN) June 3, 2022
„Не е лесно да се анализира Италија . Манчини испрати некои играчи дома, повика други кои беа мотивирани. Не знам дали ова е предност за нас или за противникот, но тој заврши фантастична работа со овој тим. Тие го освоија Европското првенство. Ќе се обидеме да ги притиснеме. Нема да биде лесно, бидејќи во Болоња ќе биде 30 степени. За среќа, имаме пет смени“, додаде тој.
„Сите бевме изненадени што Италија не се пласираше на Светското првенство. Манчини заврши фантастична работа со овој тим. Мислам дека му се верува и правилно е да продолжи. Има квалитети да го повтори успехот на Европското првенство“, додаде Флик.