Connect with us

Други спортови

Фоњини ја доби најголемата казна во историјата на тенисот!

Фрустрираниот Фоњини не бираше зборови, па во еден моментЛуиза ја нарече дроља. По елиминацијата во првото коло во сингл конкуренција, Фоњини настапуваше и во довјки, но пред натпреварот од третото коло стигна информација дека е исфрлен од турнирот.

Тој иако потоа се правдаше дека тоа не бил негов ден, беше парично казнет со 24.000 долари, но ќе мора да додаде уште 48.000 американски долари за да ја плати целата казна.

Но, тука не е крајот на неговата казна. Доколку 30 – годишниот Фоњини го повтори прекршокот ќе биде казнет со 96.000 долари и забран за настап на два грен слема, од кои еден ќе биде САД Опен.

-Господинот Фоњини ја прифаќа казната и нема да се жали на оваа одлука. Тој изрази каење заради непочитувањето, стои во соопштението на ИТФ.

Италијанецот мора да припази на своето однесување до крајот на 2019 година со цел да ја избегнме оваа казна, кој се однесува на АТП турнирите.