Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Бакнеж на Пике и Рамос во пресрет на „Ел Класико“

Утре вечер се игра првото „Ел Класико“ оваа сезона. Барселона го пречекува Реал Мадрид, вечните фудбалски непријатели. Сепак, во пресрет на овој меч и политиката за жал ќе игра голема улога. Барселона е во Каталонија, Мадрид во Шпанија. Во изминатите неколку месеци имаше нереди и протести, откако шпанскиот суд осуди неколку каталонски политичари поради организација на кампањата за независност на Каталонија.

Напнатоста се уште се чувствува, иако низ улиците нема протести. Фудбалерите на Реал Мадрид бараа гаранции за безбедноста, Барселона тоа го вети. Дури има идеја двата клуба да бидат сместени во ист хотел, да дојдат во исто време на стадионот.

Во насока на тоа е и графотот кој се појави во Каталонија, а со наслов „Шпанија се бакнува и заборава“.

Автор на графитот е Твобој, истиот човек кој ги нацрта Меси и Роналдо како се бакнуваат, но политичарите Карлеџ Пучдемон и Маријано Рахој.