Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона до Интер – 60 милиони евра за Лаутаро и бирај кои играчи ги сакаш

Барселона и натаму се обидува да го купи Лаутаро Мартинез од Интер, кој е желба на раководството, тренерот, но и самиот Лионел Меси. Каталонски „Спорт“ на својата насловна страница објави фотографија од Аргентинецот и напиша дека Барселона на Интер му нуди 60 милиони и плус да бира двајца играчи од шесте понудени. Меѓу нив се Артуро Видал, Рафиња, Жуниор, Семедо, Умтити и Тодибо. Дали Интер ќе прифати и кои играчи ќе одбере останува да се види.