Connect with us

Фудбал

ФОТО: Бразилски тренер цел меч го водеше во дрес од Марадона

Целиот свет плаче по Диего Армандо Марадона кој почина во средата од срцев удар. Многумина му одадоа или одаваат почест. Еден од нив е и Бразилецот, Ренато Портралупи, тренер на Гремио. Тој целиот меч го водеше од клупата со дрес на Марадона  против Гуарани. Неговиот тим славеше со 2:0 во осминафиналето од Копа Либертадорес.