Connect with us

Фудбал

ФОТО: Дали е ова вистинската причина поради која Анчелоти седнува на клупата на Евертон?

Англискиот клуб вели не е договорено ништо, а медиумите велат дека работата е готова. Дел од нив дури и објавија колкава ќе биде платата на Карло Анчелоти на клупата на Евертон. Според „Сан“ Италијанецот годишно ќе заработува 11,5 милиони фунти, или нешто повеќе од 31 илјада фунти на ден.

Медиумите во Англија коментираат дека ова е најголемата причина поради која Анчелоти седнува на клупата на овој тим, а втората е тоа што во летниот преоден рок му ветиле буџет за големи засилувања.