Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Добри вести, екс ѕвездата на Барселона и Интер не е сериозно повредена во сообраќајната несреќа

Легендарниот фудбалер Самуел Ето имал сообраќајна несреќа во родниот Камерун, но според најновите информации, неговата здравствена состојба е стабилна. Повредите не се сериозни и не се животозагрижувачки.

Тој има повреди на главата, но сепак откако ќе бидат направени дополнителни прегледи, се очекува да биде пуштен на домашно лекување.

Самуел Ето во својата кариера играше за неколку клубови, а меѓу попознатите се Барселона, Интер, Челзи и претходно кусо играше за Реал Мадрид.

loading...

Facebook