Connect with us

Фудбал

ФОТО: Е, за ова сонуваа многумина во време на коронавирус, конечно фудбал

Конечно фудбал. Почнува една од најсилните пет лиги во Европа. Бундеслигата е рестартирана, а денеска на програмата се шест натпревари. Се играат во редовните термини, од 15:30 и 18:30. Ќе има посебни протоколи, ќе се игра без поблика.

За ова секако сонуваа многумина во време на карантинот поради коронавирусот. А, со оглед на тоа дека и во Македонија почнаа со работа обложувалнциите, за денеска има поголем број на фудбалски мечеви, во однос на она што сме го навикнале да го гледаме во изминатите два месеци.