Connect with us

Фудбал

ФОТО: Елмас со специјални копачки против Полска и Австрија!

Една од нашите најголеми фудбалски надежи Елиф Елмас, играчот на Фенербахче кој се почесто се поврзува со трансфер во една од Топ 5 европските лиги, исто така е мотивиран пред новите репрезентативни обврски.

На својот Инстаграм профил сподели со какви копачки ќе настапи на мечевите со Полјаците и Австријците.

Тој веќе има вкусено настап со У21 селекцијата на континенталните собири, но сега има нова голема желба, како што и стои натпис на неговите копачки, „ЕДЕН СОН“, напишано воедно и на турски јазик.