Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фиорентина и Зенит го „запалија“ интернетот со Ибрахимовиќ

Две екипи, една од Италија, друга од Русија го „запалија“ интернетот со своите објави на социјалните мрежи.

Имено, Златан Ибрахимовиќ се прости со ЛА Галакси и најави дека неговата приказна продолжува, без да открива каде ќе ја продолжи кариерата. Притоа им порача на навивачите на ЛА Галакси „Го баравте Златан, ви го дадов Златан, сега гледајде безбол“.

Зенит објави на својот Твитер фотографија со Ибрахимовиќ, знакче за тишина и прашање која е неговата следна дестинација.

Од друга страна, Фиорентина „постираше“ безбол топче, алудирајќи на изјавата на Ибрахимовиќ.