Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Гореше“ Скопје, „Комити“ со дефиле најавија прослава на есенската титула

Вардар во недела ја пречекува Шкендија во дербито на колото, а во пресрет на мечот „Комити“ продефилираа низ градските улици со пиротехнички средства и знамиња. Ова е еден вид најава за мечот во недела каде ќе биде прославена есенската титула.

Вардар е лидер со 35 бодови, а со победата во минатото коло на гостински терен против Академија Пандев стана есенски првак.

Освен дуелот Вардар – Шкендија, во недела се играат натпреварите Ренова –Работнички, Шкупи – Македонија ЃП, Струга Трим Љум – Борец, а во сабота се игра натпреварот Силекс – Академија Пандев.

Повеќе фотографии од дефилето на „Комити“ можете да погледнете на следниот ЛИНК.