Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Гвардила официјално го продолжи договорот со Сити, дали тоа значи дека доаѓа и Лионел Меси?

Пеп Гвардиола ќе го води Манчестер Сити до јуни 2023 година, објавија „Граѓаните“ на својата интернет страница. Со тоа Гварадриола го продолжил договорот за уште две години.

-Новиот договор со Пеп е природен чекор во патувањето кој нашиот клуб го прави со него последните години. Тој е плод на разбирње и почитување, велат од клубот.

Сегашниот договор на Гвардиола е со важност до 2021 година.

Иако се шпекулираше дека тој ќе замине по завршувањето на оваа сезона, или пак по завршувањето на договорот, сепак последните информации говорат дека во јануари можно е Манчестер Сити да се пушти во офанзива за ангажирање на Лионел Меси. Дали токму ова е причината поради која Гвардиола одлучил да го продолжи договорот останува да се види.

loading...

Facebook