Connect with us

Други спортови

ФОТО: Хамза Јашари петти на Европскиот куп во Копер

На Европскиот џудо куп за кадети во Копер – Словенија, нашиот репрезентативец Хамза Јашари (-66 кг) го освои петото место.

Јашари во првото коло го совлада Франческо Карџенлути од Италија со еден вазари, потоа и неговиот сонародник Луиџи Кентракио со вазари и ипон, но затоа третиот Италијанец Кристијано Гримаудо во полуфиналето го победи со казнен поен. Во борбата за третото место Јашари загуби со ипон од Давид Иванијан од Данска.

Арбреша Јашари (-52 кг) во првото коло е поразена од Јелниоја Монако од Италија со вазари и ипон. И во репасажот Јашари загуби, но сега од Унгарката Тимеа Кардош со ипон.

Утре ќе се бори и Еди Шерифовски (-73 кг).