Connect with us

Фудбал

ФОТО: И екс претседателот на Реал Мадрид се потсмева со Куртоа

Тибо Куртоа, кој прими два гола од три удари кон неговиот гол на синќешниот меч против Клуб Бриж е предмет за потсмев, пред се на Твитер. Ниту поранешниот претседател на Реал Мадрид, Роман Калдерон не издржа, па на својот Твитер постираше фотографија од насмеаниот Кејлор Навас.

Инаку, Кејлор Навас во летниот преоден рок од Реал Мадрид се пресели во ПСЖ, откако по доаѓањето на Тибо Куртоа го загуби првотимскиот статус во тимот од Мадрид.

Куртоа беше исвиркан од навивачите по двата примени гола и беше заменет на полувреме. На негово место во игра влезе Алфонс Ареола. Подоцна се дозна дека замената е извршена поради здравствени проблеми.
После две кола во групната фаза, Реал Мадрид има само еден бод.