Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ибрахимовиќ, Меси, Роналдо…Кој им се најдобрите пријатели?

Велат, другарството, пријателството е се…Можете да имате само еден вистински пријател, на кого можете да му кажете се, да се потпрете на него. Што мислите, во фудбалот кои се најдобрите пријатели. Еве ги Топ 10 најдобрите.

1.ФРАНК РИБЕРИ И ДАВИД АЛАБА

-Прв пат овие двајца фудбалери се сретнаа во 2008-ма година кога Рибери се приклучи на Баерн Минхен. Од тогаш се најдобри пријатели и надвор од теренот.

2.ОЛИВИЕ ЖИРУ И ЛОРЕН КОШЧЕНЛИ

-Кошченли се потруди на неговиот колега од репрезентацијата ништо да не му недостасува во 2012-та година кога допатува во Лондон. Од тогаш се големи пријатели.

3.ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ – МАКСВЕЛ

-Нивното пријателство датира уште од деновите во Ајакс. Потоа двајцата фудбалери играа заедно во Интер, Барселона и ПСЖ. Во автобиографијата Ибрахимовиќ често пати го спомнува пријателството со Максвел.

4.МУСА ДЕМБЕЛЕ – ЈАН ВЕРТОНГЕН

-Двајцата фудбалери заедно играат од својата 10 годишна возраст. Повторно се обединија во Тотенхем во 2012-та година.

5.ЛИОНЕЛ МЕСИ – ПИНТО

-Познато е дека Лионел Меси е близок пријател со поранешниот голман на Барселона, Жозе Мануел Пинто, а се шпекулира дека Меси сакал Барселона прво да му понуди на Пинто договор пред тој да потпише нов договор

6.ЖЕРАР ПИКЕ – ЦЕСК ФАБРЕГАС

-Откако влезе во академијата на Барселона, Фабрегас се сретна со Пике. Беа дел од „Ла Масија“, па потоа и од првиот тим на Барселона. Сепак, иако повеќе не играат заедно, тие се добри пријатели.

7.СЕРХИО РАМОС-МЕСУТ ОЗИЛ

-„Врската“ меѓу поранешниот играч на Реал Мадрид, Месут Озил и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е добро позната на сите, со тоа што и двајцата објавуваат едни за други на социјалните медиуми и зборуваат за тоа колку добри пријатели се и покрај тоа што сега играат во различни клубови.

8.МАРИО ГЕЦЕ – МАРКО РОЈС

-Германското дуо беше како браќа на теренот. Дефинитивно беше тешко за Марко Ројс кога Марио Гоце ја напушти Борусија Дортмунд да се приклучи на ривалот Баерн Минхен. -„Ако не би имал ограничувања и би можел да потрошам многу пари за играч колку што сакам, ќе го вратам Марио“, изјави Ројс во една прилика. Геце на крајот го напушти Баерн и се врати во Сигнал Идуна Парк.

9.КРИСТИЈАНО РОНАЛДО – МАРСЕЛО

-Ретко прославите на Кристијано Роналдо без неговиот другар, Марсело.

10.ЧАБИ АЛОНСО – СТИВЕН ЏЕРАРД

-Пет години играа заедно во Ливерпул, пред Алонсо да се пресели во Реал Мадрид. Двајцата беа дел од еден од најуспешните периоди на англискиот тим. Џерард по заминувањето на Алонсо изјави дека многу му недостасува.