Connect with us

Фудбал

ФОТО: Играше за Барселона, погоди во „Ел Класико“, сега ќе игра во хрватското првенство

Венецуелскиот офанзивец Хефрен Суарез (32) е нов играч на хрватскиот тим Славен Белупо со кого потпиша договор до 2021година. Тој потекнува од школото на Барселона, а за првиот тим на Каталонците има 34 меча, по што промени неколку тимови во кариерата.

Играше за Спортинг, Реал Валјадолид, белгиски Еупен, швајцарски Грасхопрес, како и кипарски АЕК.

Има 30 настапи за младите селекции на Шпанија, а пет за сениорскиот тим на Венецуела. Интересно е тоа што за Барселона постигнал три голови и исто толку асистенции. Еден од нив беше во „Ел Класико“ во 2010-та година кога Барселона го демолираше Реал Мадрид со 5:0.

Неговото деби за Славен Белупо се очекува веќе во сабота против Хајдук.