Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Им недостигаше фудбал, но и луди журки, фудбалери на шпански тим ќе бидат казнети

Фудбалери на шпанскиот клуб Севиља ќе бидат казнети. Се шпекулира дека поради тоа казна би можел да добие и клубот, а самите актери се извинија за грешката.
Четворица фудбалер на Севиља Лукас Окампос, Франко Васкез, Лук Де Јонг и Евер Банега ги прекршиле правилата за карантин и организираа журка.

Иако владата на Шпанија донесе одлука да продолжи сезоната, сепак на сила остана одлуката да не смее дак има групињата на едно место повеќе од 10 лица.

-Сакам да се извинам и да признам дека згреѓивме. Нанесовме штета на имиџот на клубот и фудбалот воопшто. Се извинуваме на клубот, соиграчите и стручниот штаб, на фудбалскиот свет целото општество. Сигурно ваквите акции нема да се повторат во иднина, објави Окампос на социјалните мрежи.