Фудбал
ФОТО: Интер не го заборава Горан Пандев, доби специјален подарок
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев се пофали на Инстаграм дека добил специјален подарок од неговиот поранешен тим Интер. На 22 мај овој месец се полнат точно 10 години од освоениот пехар во ЛШ по победата од 2:0 против Баерн Минхен.
Таа година, само неколку дена претходно Интер ја освои Серие А и Купот на Италија. Ова беше најголемиот успех на тимот, единствен италијански тим со триплета, а секако дел од него беше и Горан Пандев. Поради тоа клубот на сите им испраќа специјален подарок како благодарност и сеќавање на 2010-та година.