Connect with us

Фудбал

ФОТО: Јувентус го презентираше гостинскиот дрес и ги израдува навивачите

Фудбалерите на Јувентус со победа ја отворија нова сезона во италијанската Серија А, победувајки го Киево (3:2).

Веќе е стара приказна дека Јуве ја брани титулата на шампионатот во Италија, но до победата во Верона дојде потешко отколку што се очекуваше. Старата дама крајот на натпреварот дојде до победа, а херојот беше Бернардески. Сепак, натпреварот остана во сенката со дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус.

Клубот од Торино денес одлучи преку Твитер да ги претстави новите гостински дресови за оваа сезона. Во улога на “модел” овој пат беше Пауло Дибала, а навивачите на Старата дама беа воодушевени од изгледот на дресот.