Connect with us

Фудбал

ФОТО: Лавеци и официјално кажа збогом на фудбалот

Поранешниот фудбалер на Наполи и ПСЖ Езекил Лавеци одлучи да ја заврши својата професионална кариера. Почна во 2003 година во Естудијантес потоа заигра за Сан Лоренцо, каде со своите партии го привлече вниманието на Наполи.

Во овој клуб пристигна во 2007 годиа, а по 188 настапи, 48 голови и пет години под Везувот, замина во ПСЖ. Трансферот беше вреден 26,5 милиони евра, за тимот од Париз одигра 161 натпревар и постигна 35 голови.

Во Кина замина во 2016 година, а тамошниот клуб Хабеи беше последен во неговата професионална кариера.