Connect with us

Фудбал

ФОТО: „Лавовите“ се пофалија, Ковачев нов играч

Мартин Ковачев ќе го носи дресот на Македонија Ѓорче Петров. Популарните „Лавови“ се пофалија на Инстаграм со своето ново засилување.

-Дојдов за успех, не само успешно да ја завршиме сезоната, туку целта е Европа. Амбициите се јасни, се освен пласман во Европа ќе биде неуспех, изјави Ковачев.

Мартин Ковачев има 37-години, роден е во Ќустендил, Бугарија. Сменил голем број бугарски тимови, а ова ќе биде втор пат да настапува во македонското фудбалско првенство, откако го носеше дресот на Пелистер во сезоната 2013/2014.