Connect with us

Фудбал

ФОТО: Легендарниот Самуел Ето се налути бидејќи го ставиле во избор за најдобрите, но тој смета дека „друштвото“ е погрешно

Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето, кој со Барселона и Интер освои Лигата на шампионите, но и шампионски титули во Шпанија и Италија, се налути на изборот на „Франс Фудбал“. Имено, тој се најде на списокот на најдобрите десни крила на сите времиња, што на Камерунецот не му се допадна.

-Благодарам, но одиграв 1 или две сезони како десно крило (сепак имам 25 години кариера како централен напаѓач). Ова е непочитување, напиша Ето објавувајќи го изборот на официјалниот сајт на „Франс фудбал“.