Connect with us

Фудбал

ФОТО: Легендите никогаш не умираат, Кинезите им се заблагодарија на Маскерано и Лавеци

Хавиер Маскерано и Езекил Лавеци ги одиграа последните мечеви на домашен терен за кинескиот тим „Hebei Fortune“. Лавеци се повлекува од активно играње фудбал, а поради тоа домашните навивачи им приредија вистински спектакл. Маскерано заминува од клубот.

„Легендите никогаш не умираат“ беше еден од транспарентите истакнат на трибините.

Маскерано има 35 години и од 2020 година ќе биде дел од Естудијантес де ла Плата. Лавеци има 34 години.