Ракомет
ФОТО: Македонскиот чувар на мрежата официјално потпиша за Порто
Никола Митревски кариерата ја продолжува во ракометниот клуб Порто. Тој со португалскиот тим потпиша двегодишен договор, а трансферот го потврди на офицјалната страница.
-Среќен сум за овој трансфер и не размислував многу кога ја добив понудата. Порто има добар состав и да не беше пандемијата со коронавирусот, сигурен сум дека имаше шанси да стигне до Ф4. Порто беше на високо ниво и е пример како еден клуб треба да функционира. Верувам дека добро ќе се адаптирам и заедно со Кинтана ќе имаме добра сезона, изјави Митревски.
Тој имаше забележителна сезона особено во СЕХА лигата со Еурофарм Пелистер.