Connect with us

Фудбал

ФОТО: Марадона наместо на клупата, седна во „кралско столче“

Марадона во моментов е тренер на Хиназија Ла Плата, а тим кој се бори за опстанок во Аргентина. Задачата на легендарниот фудбалер е да обезбеди опстанок. На три последни меча, имаат две победи.

Последниот меч кој го одиграа го добија со 4:0 и тоа на гостински терен со Њуелс Олд Бојс. Сепак, поголемо внимание привлече однесувањето на Марадона. Тој мечот го водеше, не од клупата за резервни фудбалери, туку од „кралско столче“ поставено покрај аут линијата.

Сето ова беше во режија на домашниот тим, а од навивачите доби овации. Ова е само уште еден доказ колку Марадона е почитуван во Аргентина и колку Аргентинците го ценат она што го направил како фудбалер.

Марадона една сезона, 1993/1994 го носеше токму дресот на Њуелс Олд Бојс, пред да замине во Бока Јуниорс, каде и се пензионираше.