Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мбапе фотографиран со тренерка на Реал Мадрид и во друштво на Роналдо

Реал Мадрид се интересира за напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе. Но, тој интерес е долгогодишен. „Кралевите“ имале можност да го ангажираат уште кога имал 14 години.

-Кога имав 14 години, татко ми доби повик од некој од Реал Мадрид. Ме поканија да одам во Шпанија да тренирам за време на првенствената пауза. Беше изненадување затоа што тие, всушност, му рекоа на татко ми дека Зидан сака да ме види. Беше како да сум на Месечината, вели Мбапе.

Тој и неговото семејство пристигнале во Мадрид, го запознале и Зидан, Мпабе тренирал со Реал Мадрид, но сепак неговите родители сакале да го избегнат притисокот врз него уште од мали нозе и одлучиле неговиот син да живее како дете и полека да расте.

Поради тоа не отишол во Мадрид, туку останал да тренира и да игра за локалниот клуб Бонди, а потоа се преселил во младинските школи на Монако. Во 2015-та заиграл за првиот тим на Монако, а сето останато е добро познато.

Освен во Реал Мадрид, иста авантура имал и во Челзи. При престојот во Мадрид е направена познатата фотографија во тренерка на „кралскиот клуб“ и во друштво со Роналдо.