SPORTM.mk
ФОТО: Меси и Суарез не ги почитуваат препораките на владата, уживаат на Ибица
Сезоната во Шпанија заврши, Барселона ја загуби трката за титулата од Реал Мадрид, бурно беше во финишот на сезоната, па Лионел Меси и Луис Суарез одлучија малку да се одморат.
Според шпанска „Марка“ двајцата со семејствата уживаат на Ибица. Тоа не би било ништо чудно, доколку не беа мерките и препораките на шпанските и каталонските власти против групирања и повеќе лица на едно место.
Тие ќе бидат на одмор до 29-ти јули, а потоа се враќаат на тренинзите бидејќи во август почнува завршницата на Лигата на шампионите. Нивен противник е Наполи, а првиот меч заврши 1:1.