Connect with us

Фудбал

ФОТО: Милан утре ќе му одаде почит на нивниот голем фан Коби Брајант

Италијанскиот гигант Милан ќе оддаде почит на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој почина трагично во хеликоптерска несреќа. Светот на спортот потона во тага по трагедијата која го одзеде големиот шампион.

Утре „росонерите“ се соочуваат со Торино во натпревар за Купот на Италија, кој ќе започне со едно-минутно молчење во спомен на легендата.

Брајант поголемиот дел од детството го помина во Италија, каде неговиот татко играше кошарка. Коби знаеше италијански и не ги криеше симпатиите кон Милан.

Во 2013 година, тој дури ја посети базата Миланело на „росонерите“ и го сподели восхитот за клубот.